Според шведскиот Expressen, ова е првпат шведски државјанин да биде осуден за злосторства против човештвото.
Исак е осудена на 16 години затвор, но со оглед на времето веќе поминато во затвор, должината на казната е намалена на 12 години. Судот ја прогласи за виновна за држење на три жени Јазиди и шест деца во заробеништво во нејзиниот дом во Рака, Сирија, помеѓу 2014 и 2016 година.
Таа, наводно, ги подложила на тортура и ги продавала како робови на Исламската држава (ИД). Ова е првпат во Шведска да се одржи судење за нападите на ИД врз малцинството Јазиди, пишува Expressen.
Ишак ги негираше наводите изнесени во септември минатата година. Таа веќе отслужува казна во затворот Хинсеберг откако беше осудена за воени злосторства и кршење на меѓународното право затоа што не го спречила нејзиниот 12-годишен син да стане војник.
Suède : Lina Ishaq, une Suédoise de l’EI condamnée à 12 ans de prison pour avoir réduit en esclavage des Yazidis à Raqqa en Syrie https://t.co/CasUnxApeq pic.twitter.com/z4vXjR6IR2
— Fdesouche.com est une revue de presse (@F_Desouche) February 11, 2025
Според судот, Ишак го однела нејзиниот син во област на Сирија под контрола на ИД, а момчето станало нивен член, за подоцна да умре во битка. Исхак пораснала во ирачко христијанско семејство во Халмштад, за да се радикализира кога запознала исламистички проповедник со кого имала шест деца.
Таа ги однела децата во Сирија во 2013 година, кога нејзиниот сопруг се борел таму на страната на ИД. Тој и трите нивни деца беа убиени во Сирија, потсетува Експресен.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата