logo
logo
logo

Лидерот на демократите во Сенатот сака да ги блокира царините на Трамп врз европските сојузници

Vecer | 18.01.2026

Лидерот на демократите во Сенатот сака да ги блокира царините на Трамп врз европските сојузници

„Непромислените царини на Доналд Трамп веќе ги зголемија цените и ја оштетија нашата економија, а сега само ги влошува работите“, наведе Шумер во соопштение.

„Неверојатно е што сака да ја зголеми глупоста со воведување тарифи на нашите најблиски сојузници за неговата донкихотовска мисија да го преземе Гренланд“, рече тој.

„Демократите во Сенатот ќе воведат закон за блокирање на тие тарифи пред тие да предизвикаат дополнителна штета на американската економија и нашите сојузници во Европа.“

Трамп претходно објави дека САД ќе воведат царини од 10 проценти на увоз од осум европски земји од 1 февруари поради спорот за Гренланд.

Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, Трамп наведе дека тарифите ќе важат за сите стоки увезени во САД од Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Обединетото Кралство, Холандија и Финска. Тој рече дека ќе ги зголеми на 25 проценти од 1 јуни доколку не се постигне договор со кој САД ќе го купат Гренланд.

Заканата на Трамп за царини наиде на отпор и во американскиот Конгрес, јавија американски медиуми. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk