logo
logo
logo

Лидер на Хутите му се закани на Израел со одмазда за атентатот врз премиерот Ал-Рахави

Vecer | 31.08.2025

Лидер на Хутите му се закани на Израел со одмазда за атентатот врз премиерот Ал-Рахави

„Се колнеме пред Алах, јеменскиот народ и семејствата на загинатите и ранетите дека ќе се одмаздиме и ќе го претвориме нашето страдање во победа. Го уверуваме драгиот јеменски народ дека нашите вооружени сили се во целосна борбена готовност“, изјави Ал Машат, објави телевизискиот канал Ал Масира.

Тој додаде дека одмаздата на поддржувачите на движењето „нема да трае долго“ и дека „мрачни денови“ ќе дојдат за Израел поради атентатот врз премиерот на Хутите.

„Им порачувам на ционистите: Нашата одмазда нема да трае вечно, а темни денови ве чекаат поради тоа што го стори вашата валкана, предавничка влада... Ќе продолжиме и ќе се соочиме со тешкотии и предизвици. Непријателскиот ентитет никогаш повеќе нема да се чувствува безбедно. Бог е со нас, а победата е наша без разлика колку време ќе трае. Цената на слободата е крв. Ние сме луѓе на жртва, непоколебливост и пркос“, рече лидерот на Хутите.

Тој ги повика сите компании што работат во Израел „да заминат пред да биде предоцна“.

Израелските сили во четвртокот го нападнаа јеменскиот главен град Сана, кој е под контрола на Хутите, за време на телевизиското обраќање на лидерот на бунтовниците Абдел Малик ал-Хути.

Според соопштението на израелската армија, еден од воените објекти на бунтовниците бил погоден.

Израелските медиуми објавија дека целите биле високи членови на „Ансар Алах“, вклучувајќи го министерот за одбрана и началникот на Генералштабот, и дека авионите извршиле повеќе од 10 напади врз објект каде што членовите на движењето се собрале за да го гледаат обраќањето на нивниот лидер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk