Во нападот, како што претходно беше соопштено, загинале најмалку 10 лица, а 50 се ранети, меѓу кои и три деца. „Хезболах“ објави дека осум од жртвите биле членови на групата, но меѓу нив имало и домашна работничка од Етиопија. Освен објекти на групата, оштетна е и станбената зграда во околината.
Израелската армија соопшти дека во нападот загинале неколку борци на Хезболах одговорни за ракетниот оган врз Израел. Според воената поддршка од Иран, групата подготвувала нови напади. Меѓу загинатите членови на „Хезболах“ е и високиот воен командант Хусеин Јаги.
Либанскиот претседател Џозеф Аун ги повика меѓународните партнери да извршат притисок врз Израел за прекин на нападите и спречување на понатамошна ескалација во регионот.
Израел и Либан неодамна одржаа разговори со посредство на САД со цел зајакнување на примирјето и почитување на траен мир, иако двете страни формално се во војна.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата