logo
logo
logo

Ли најави зголемени расходи за одбраната и посамостојна јужнокорејска армија

Vecer | 01.10.2025

Ли најави зголемени расходи за одбраната и посамостојна јужнокорејска армија

- Треба да се движиме кон посилна, посамостојна одбрана, заснована на нашата гордост и доверба во нашата воена моќ. Јужна Кореја не смее да зависи од друг за да обезбеди мир и просперитет во сопствената земја, туку мора да ја зајакне својата моќ, посочи Ли.

Тој најави дека следната година ќе бидат зголемени расходите за одбраната на 8,2 отсто за да се воведат напредни вооружени системи, како борбени роботи со вградена вештачка интелигенција, дронови, системи за прецизни напади и одбранбени ракети.

Дел од експертите предупредија дека зајакнувањето на јужнокорејската армија може да го ослабе сојузот со САД.

Јужна Кореја ќе води заеднички одбранбен став со Вашингтон преку обнова на оперативната контрола врз основа на силниот сојуз помеѓу неа и САД. Силната комбинирана одбранбена способност и позиција не само што ќе донесат мир и стабилност на Корејскиот Полуостров, туку ќе придонесат и за стабилноста и заедничкиот просперитет на регионот, посочи Ли.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk