logo
logo
logo

Лесото го повика Трамп да ја посети земјата бидејќи рекол дека никој никогаш не слушнал за неа

Vecer | 05.03.2025

Лесото го повика Трамп да ја посети земјата бидејќи рекол дека никој никогаш не слушнал за неа

Мпотџоане изјави дека забелешката на Трамп е „многу навредлива“.

„Навистина сум шокиран поради тоа што еден шеф на државата на тој начин може да ја спомнува мојата земја“, рече министерот за надворешни работи на Лесото.

Според него, Лесото е значајна и единствена земја во светот.

Мпотџоане рече дека некои граѓански организации финансирани од САД дадоа поддршка за ЛГБТК заедницата во Лесото, како и дека Вашингтон, исто така, обезбедувал значајни средства за здравствениот и земјоделскиот сектор на таа земја.

Трамп го спомна Лесото во своето обраќањето пред американскиот Конгрес завчера вечер, додека ги набројувал непотребните трошоци во странство кои ги укинал.

Трамп рече дека САД доделиле осум милиони долари за промовирање на ЛГБТК заедницата во Лесото, африканска земја „за која никој никогаш не слушнал“.

Таа негова забелешка предизвика смеа кај конгресмените.

Лесото е планинска земја со околу два милиони жители. 

Трамп нареди суспензија на американската странска помош во согласност со кратењата на буџетот и неговото усогласување со мотото „Америка на прво место“. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk