logo
logo
logo

Лажен доктор вршел тешки операции на срце, починале седум пациенти пред да го откријат

Vecer | 09.04.2025

Лажен доктор вршел тешки операции на срце, починале седум пациенти пред да го откријат

Сите тие починале набргу по операцијата во болница во Индија. По последната неуспешна операција, наводниот лекар кон средината на февруари побегнал од клиниката и оттогаш е во бегство. Полицијата сега конечно успеала да го уапси.

Осомничениот се товари за измама и фалсификување. Полицијата е сигурна дека 53-годишникот, кој речиси две децении работел како лекар, ги фалсификувал своите медицински квалификации.

„Тој призна дека повеќето од неговите потврди се лажни“, рече државниот обвинител.

Случајот првпат излезе на виделина во февруари, кога Комитетот за заштита на децата во Дамо ги извести окружните власти за смртта. Тогаш и семејството на починатиот пациент покрена правна постапка.“

„Веднаш откако мајка ми почина, лекарот исчезна“, изјави нејзиниот син за индиската телевизија NDTV.

Лажниот лекар се претставувал како познатиот британски кардиолог Џон Кам. Вистинскиот Џон Кам, поранешен професор по кардиологија на Универзитетот Сент Џорџ во Лондон, не е осомничен за соработка со наводниот измамник.

Но, тој знаел за својот двојник и, според неговите изјави, со години се обидувал заедно со неколку колеги да го спречи лажниот Кем - но залудно.

Болницата во градот Дамох соопшти дека нема сознанија за наводните фалсификувани потврди на лажниот доктор.

„Никој не се сомневаше дека е лажен лекар. Тој добро си ја вршеше работата и се однесуваше како врвен професор“, изјави службеник на болницата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk