logo
logo
logo

Лавров: ЕУ се обидува да го спречи мировниот процес за Украина

Vecer | 10.12.2025

Лавров: ЕУ се обидува да го спречи мировниот процес за Украина

Лавров потврди дека Москва и Вашингтон постигнале договор за продолжување на работата за завршување на украинскиот конфликт. 

- Главната работа е да постои принципиелно разбирање дека одржливо решение не е можно без искоренување на основните причини за кризата, наведе Лавров.

Тој изјави дека предлозите што ги донесе во Москва специјалниот претставник на американскиот претседател, Стив Виткоф, зборуваат за потребата од обезбедување права на националните малцинства и верските слободи во Украина. 

- Русија ги цени напорите на Доналд Трамп за решавање на конфликтот преку политички и дипломатски средства, посочи Лавров.

Тој упати критики и кон политиката на Европска Унија, тврдејќи дека Брисел е „заведен од илузии“ дека Русија може да биде поразена.

- Откако го инвестираа целиот политички капитал во војната со Русија со рацете и телата на украинските граѓани, тие се залажуваат себеси во безнадежно политичка слепило со илузијата дека ќе ја победат нашата земја на еден или друг начин. Како што нагласи претседателот, ние немаме намера да се бориме со Европа, немаме такви мисли, истакна Лавров.

Но, тој предупреди дека Москва ќе одговори на какви било „непријателски чекори“, вклучително и евентуално распоредување на европски воени контингенти во Украина и запленување на руски имот.

Изјавите на Лавров, доаѓаат во време на интензивна дипломатска активност. Минатата недела, рускиот претседател Владимир Путин се сретна во Кремљ со специјалниот претставник на американскиот претседател, Стивен Виткоф, и зетот на Трамп, Џаред Кушнер. Тие разговараа речиси пет часа за американската мировна иницијатива, но сè уште не е постигнато компромисно решение. Путин подоцна изјави дека Вашингтон го поделил планот од 27 точки на четири пакети и дека Москва не се согласува со некои од нив.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk