logo
logo
logo

Лариџани: Иран го откажа договорот за соработка со МААЕ

Vecer | 20.10.2025

Лариџани: Иран го откажа договорот за соработка со МААЕ

„Договорот е откажан. Секако, ако агенцијата има предлог, ќе го разгледаме во Советот за национална безбедност на Иран“, изјави Али Лариџани за време на состанокот со својот ирачки колега во Техеран, според иранските државни медиуми.

Изјавата доаѓа околу три недели откако шефот на иранската дипломатрија, Абас Аракчи, објави дека ако западните сили повторно воведат санкции врз Иран, Техеран ќе го откаже договорот што ѝ дозволуваше на МААЕ да продолжи со инспекциите на нуклеарните објекти на Иран, пренесуваат британските медиуми.

Меѓународните санкции врз Иран беа повторно воведени минатиот месец, а денешната потврда од иранските власти дека договорот за соработка со МААЕ се откажува е удар за Агенцијата за атомска енергија на ОН, која се обидува да ја обнови соработката со Техеран откако Израел и САД ги бомбардираа нуклеарните објекти на Иран во јуни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk