logo
logo
logo

Кушнер: Израел мора да им помогне на Палестинците

Vecer | 20.10.2025

Кушнер: Израел мора да им помогне на Палестинците

- Најголемата порака што се обидовме да ја пренесеме на израелското раководство е дека сега кога војната заврши, ако сакате да го интегрирате Израел во поширокиот Блиски Исток, мора да најдете начин да му помогнете на палестинскиот народ да напредува и да живее подобро, наведе Кушнер.

Тој на прашањето како ја пренесуваат таа порака, одговори „само што почнуваат“.

Кушнер стакна и дека Хамас „се обидува да го почитува договорот“, што е во сила.

- Колку што видовме од она што ни го кажуваат медијаторите, засега тие (дејствуваат со добра намера). Тоа може да се распадне во секој момент, но во моментов видовме дека се обидуваат да го почитуваат договорот, наведе Кушнер.

Кушнер нема формална функција во Белата куќа, но работи како пратеник на претседателот Доналд Трамп за Блиски Исток. Тој и американскиот пратеник за Блиски Исток, Стив Виткоф најверојатно денеска ќе отпатуваат за Израел.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk