logo
logo
logo

„Кумата на Амстердам“ е екстрадирана во Холандија, ја чека тешко обвинение

Vecer | 17.01.2025

„Кумата на Амстердам“ е екстрадирана во Холандија, ја чека тешко обвинение

Во соопштението се вели дека таа била екстрадирана во средата и е осомничена за вмешаност во шверц на кокаин од Јужна Америка од летото 2020 година, како и директна вмешаност во шверц на 230 килограми кокаин во Шпанија во ноември 2020 година.

Се потсетува дека оваа пратка била пресретната, објави NL Times. Таа била уапсена во Колумбија во јануари 2024 година по голема меѓународна истрага за трговија со дрога од Јужна Америка.

Холандското јавно обвинителство смета дека „кумата“ од Амстердам е клучна во меѓународната трговија со дрога. Истрагата доведе до 17 апсења во регионот Ротердам во Холандија и во странство.

При 66 претреси, запленети се повеќе од 30 парчиња огнено оружје, ракетен фрлач, 17 килограми кокаин, 20 возила и 600.000 евра готовина, соопшти обвинителството.

Осомничената веќе била осудена за планирање операции за трговија со дрога во 2017 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk