logo
logo
logo

Куќа во Лос Анџелес се спаси од пожарот- наредниот ден се скрши на половина

Vecer | 18.01.2025

Куќа во Лос Анџелес се спаси од пожарот- наредниот ден се скрши на половина

Домот на брегот на Пацифик Палисадес, вреден 2 милиони долари, со една спална соба и една бања, преживеа пожар кој уништи околу 5.300 други имоти во областа, изгоре 23.000 хектари земја и однесе најмалку 25 животи. Меѓутоа, само еден ден откако опасноста од пожарот почнала да стивнува, лизгање на земјиштето ја поделило куќата на половина, пишува Daily Mail.

Жителите во подрачјата зафатени со пожари се предупредени дека ризикот од лизгање на земјиштето е зголемен и дека треба да внимаваат на сите предупредувачки знаци. Марк Пестрела, директор на Одделот за јавни работи на округот Лос Анџелес, зборуваше во четвртокот наутро за ризикот од лизгање на земјиштето. „Предупредување до сите жители, без разлика каде живеете во округот Лос Анџелес: „Ако имате падини зад вашите домови или ако сте на врвот на падина, тие падини станаа нестабилни. Земјата што ги поддржува вашите домови стана кревки поради настаните што се случија, вклучително и ветровите“.

Пожарите, кои беа прогласени за најразорни во историјата на Лос Анџелес, уништија илјадници згради, а милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови. Најмалку 25 луѓе загинаа во катастрофата, додека бројни познати личности, како Мајлс Телер, Адам Броди и Лејтон Мистер, останаа без своите домови.

Да потсетиме дека минатата недела, цел ред куќи изгореа на брегот на Малибу, покрај автопатот Пацифик Коуст. Но, меѓу нив, еден остана да стои. Оваа речиси недопрена вила во Малибу вредна 9 милиони долари, му припаѓа на Дејвид Стајнер, пензиониран магнат за управување со отпад од Тексас и оженет татко на три деца.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk