logo
logo
logo

Кучето на Бајден искаса уште еден агент на тајната служба

Vecer | 27.09.2023

Кучето на Бајден искаса уште еден агент на тајната служба

Двегодишниот германски овчар Командер синоќа нападнал агент и ова е 11-ти пат кучето да касне чувар во Белата куќа или домот во кој живее семејството Бајден.

Тајната служба објави дека агентот бил каснат од кучето и дека му е добро. Прес секретарот на Белата куќа претходно го посочи стресот од животот во Белата куќа за нападите. „Тоа е стресно за сите нас, а можете да замислите како е за домашните миленици“, вели тој.

Во јули, претставници на Белата куќа изјавија дека се обидуваат да искористат нови техники за поврзување и обука на кучето, по серијата напади врз персоналот, пишува Би-Би-Си.

Записите на Тајната служба, добиени од конзервативната група преку барање за Законот за слобода на информации во јули, откриваат детали за 10 други инциденти со каснување во кои е вмешан Командер. Еден од инцидентите се случил на 26 октомври 2022 година, откако првата дама Џил Бајден не успеала да го држи кучето под контрола, се вели во мејловите на агентот на Тајната служба.

„Додека бев на должност, Командандер ме нападна. Г-ѓа Бајден не можеше да го контролира кучето и продолжи да кружи околу мене. Верувам дека е само прашање на време кога ќе биде нападнат агент или вработен во Белата куќа“,напишал агентот во е-поштата.

Околу една недела подоцна, друг агент напишал дека кучето двапати го каснало. Агент кој бил сведок на нападот рекол дека едвај му се спротивставиле на кучето. Во декември 2022 година, агент бил нападнат пред Бајден. Командер му ги гризнал подлактицата и палецот.

Ниту една од повредите на агентите не била опишана како сериозна во записите на Тајната служба. Другото куче на Бајден, Мајор, исто така било вклучено во бројни инциденти со каснувања на агенти на Тајната служба.

Оттогаш тој се исели од Белата куќа и сега живее со пријателите на семејството Бајден. Командер пристигна во Белата куќа во 2021 година како кученце. Тоа беше подарок од братот на Бајден, Џејмс.

Покрај Командер, Бајденови имаат и мачка Вилоу.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk