Кубанскиот претседател, Мигел Дијаз-Канел изјави дека реформите се итни и неопходни поради засилените санции од САД.
Предложените мерки предвидуваат отворање на градежниот сектор за приватни компании, трансформација на државните претпријатија во акционерски друштва и дозвола за влез на приватни банки во финансискиот сектор кој досега беше речиси целосно под државна контрола.
Покрај тоа, се планира значително намалување на административните и бирократските пречки за приватните компании и претприемачите. доколку бидат одобрени и спроведени, реформите би биле најголемата промена на економскиот модел на куба од револуцијата на Фидел Кастро во 1959 година и значаен чекор кон пазарно ориентирана економија. Засилените санкции на администрацијата на Трамп дополнително ја влошија економската состојба во Куба, предизвикувајќи недостиг на гориво, пад на туризмот, прекини во снабдувањето со електрична енергија, висока инфлација и недостиг од вода и лекови.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата