logo
logo
logo

Kси Џинпинг прогласи победа над сиромаштијата во Кина

Vecer | 25.02.2021

Kси Џинпинг прогласи победа над сиромаштијата во Кина

Кинескиот претседател Кси Џинпинг на церемонијата во Пекинг објави целосна победа во борбата против руралната сиромаштија со цел да ја одбележи 8-годишнината од својот мандат.

Државните медиуми јавуваат дека Шји е заслужен што близу 100 милиони луѓе веќе не припаѓаат на сиромашните, што е цел што беше постигната во декември, а беше објавена оваа година, кога владејачката Комунистичка партија слави 100 години постоење.

„Владејачката комунистичка партија на Кина и кинескиот социјалистички систем се основни гаранти против ризиците, предизвиците и тешкотиите“, рече кинескиот претседател во говорот во Големата народна сала.

Тој ги одликуваше клучните луѓе во борбата против сиромаштијата.

Некои експерти за глобална политика сметаат дека Кина ја постави линијата на сиромаштија прениско во нејзината дефиниција и дека се потребни одржливи инвестиции за да се продолжи развојот во најсиромашните области.

Кина ја дефинира екстремната сиромаштија како годишен приход по глава на жител кој е под 4.000 јуани (620 американски долари) или околу 1,69 американски долари на ден. Границата утврдена од Светска банка е 1,90 долари на ден.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk