logo
logo
logo

Крвава пресметка меѓу семејства од БиХ и од Косово во Хамбург поради 15-годишна бремена девојка

Vecer | 04.01.2025

Крвава пресметка меѓу семејства од БиХ и од Косово во Хамбург поради 15-годишна бремена девојка

Едното од семејствата потекнува од Босна и Херцеговина, а другото од Косово.

Конфликтот избувнал поради бременоста на 15-годишна девојка која била во врска со 18-годишен маж, иако не е наведено од кое семејство е младата трудница. Ова толку многу им пречело на некои членови на семејството што ги нападнале противниците. Прво со тупаници, а потоа со ножеви, пишува Феникс магазин.

На крајот, пет мажи биле толку тешко повредени што некои од нив морале да бидат пренесени во болница – со разни исеченици и рани од убоди и рани од каснување. На расправијата која ескалирала, полицијата одговорила со голема полициска акција.

Во 21 часот пристигнале патролни возила од целиот Хамбург, како и пет амбулантни возила и три кучиња. Била повикана дури и специјалната единица USE (патрола за поддршка за тешки оперативни ситуации). Полицајците потоа ја пребарале контејнерската куќа соба по соба, а дел од полицајците останале на местото до 1.30 часот.

Полицијата истражува што точно се крие зад крвавата пресметка и кој кого повредил и колку тешко, пишуваат германските медиуми, кој двајцата млади ги нарекоа „Ромео и Јулија“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk