logo
logo
logo

Крвав судир во затвор во Еквадор: Нарко бандите ги зеле чуварите за заложници, 14 загинати

Vecer | 22.09.2025

Крвав судир во затвор во Еквадор: Нарко бандите ги зеле чуварите за заложници, 14 загинати

Жителите на тој град на југозападот од земјата рано наутро слушнале експлозии и истрели од затворот кој и претходно бил место на конфликт. Командантот на полицијата Вилијам Кале рече дека за време на инцидентот, голем број затвореници избегале, но 13 од нив набрзо биле повторно заробени.

Според првичните извештаи, конфликтот избувнал кога чуварите добиле алармен повик од затворското крило. Кога пристигнале, затворениците ги заробиле и убиле еден од чуварите. Потоа членовите на бандата Лос Лобос Бокс влегле во крилото каде што биле нивните соперници и ги нападнале.

Некои затвореници успеале да избегаат низ дупка во надворешниот ѕид предизвикана од експлозија на уред. Сè уште не е познато како експлозивите биле внесени во затворот. Двајца полицајци биле меѓу повредените, рече Кале.

200 полицајци и војници се распоредени за да воспостават ред.

Бандите владеат со затворите, соработуваат со мексиканските картели

Властите го обвинија нападот за бандата Лос Лобос Бокс, која не се огласила. Бандите во еквадорските затвори често водат криминални бизниси од своите ќелии и во последниве години формирале сојузи со мексиканските нарко картели за да ги контролираат патиштата за шверц на кокаин преку еквадорските пристаништа до САД и Европа.

Телевизиската станица Екуависа соопшти дека жителите на Мачала долго време барале затворот, кој се наоѓа во срцето на градот, да се премести.

Еквадор се справува со бран насилство во последните години што го трансформираше од една од најбезбедните земји во Латинска Америка во една од најопасните. Порано овој месец, САД означија две еквадорски банди, Лос Лобос и Лос Чонерос, како терористички организации. Американскиот Стејт департмент во тоа време изјави дека нивната „крајна цел е да ја преземат контролата врз патиштата за шверц низ Еквадор преку тероризирање и брутално насилство врз еквадорскиот народ“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk