logo
logo
logo

Крузерот со хантавирус пристигна на Тенерифе- следува сложена операција

Vecer | 10.05.2026

Крузерот со хантавирус пристигна на Тенерифе- следува сложена операција

Крузерот MV Hondius ќе се закотви во пристаништето Гранадиља на Канарските Острови, а патниците ќе бидат евакуирани во нивните матични земји откако ќе бидат тестирани за да се потврди дека немаат симптоми, соопштија официјални лица. Откако бродот ја напушти Аргентина минатиот месец, три смртни случаи се поврзани со хантавирус, ретка болест која обично е предизвикана од изложеност на урина или измет од заразени глодари. Неколку други лица беа евакуирани од бродот на лекување.

Сложена операција на закотвување

Бродот ќе се закотви на „најбезбедно“ растојание од пристаништето, според локалните власти. Патниците ќе бидат транспортирани до брегот во мали чамци со капацитет до 10 лица, сортирани по националност, според информациите од туристичкиот оператор Oceanwide Expeditions.

Неколку земји, вклучувајќи ги САД, Германија, Франција, Белгија, Ирска и Холандија, испраќаат авиони за евакуација на своите граѓани. „Редокот на истоварување ќе биде координиран со пристигнувањето на летовите за репатријација“, изјави „Оушнвајд“, додавајќи дека багажот на патниците ќе остане на бродот и ќе им биде вратен подоцна.

Специјални мерки за американските и шпанските патници

Службеник од американските центри за контрола и превенција на болести изјави дека 17-те американски патници, од кои ниту еден нема симптоми, ќе бидат транспортирани во Медицинскиот центар на Универзитетот во Небраска. Таму се наоѓа Националната карантинска единица, објект финансиран од федералната влада. По кратка проценка, патниците ќе ги поминат следните 42 дена под домашен надзор, а се очекува мониторингот да се одвива најмалку еднаш дневно, рече службеникот.

Се очекува 14-те шпански патници прво да се истоварат од бродот, носејќи маски FFP2. Маски ќе носат и сите вклучени во транспортот и логистиката, изјави во саботата шпанската министерка за здравство Моника Гарсија. Тие ќе бидат транспортирани во воена болница, каде што ќе престојуваат во еднокреветни соби без посетители. По пристигнувањето и седум дена подоцна, ќе бидат подложени на PCR тестирање, објави шпанското Министерство за здравство.

Тензии на Тенерифе

Пристигнувањето на бродот предизвика тензии на Канарските Острови. Шефот на регионот, Фернандо Клавихо, претходно оваа недела изјави дека е против пристанувањето на бродот. Пристанишните работници во Тенерифе, исто така, протестираа, изразувајќи загриженост поради недостатокот на информации за можните ризици.

Бродот и неговиот екипаж треба да го продолжат своето патување до Ротердам, Холандија, каде што екипажот ќе се истовари, а бродот ќе биде дезинфициран. Епидемијата на хантавирус првпат беше пријавена во Светската здравствена организација на 2 мај, која објави дека епидемијата претставува низок ризик за општата популација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk