Палестинското население во Појасот Газа, исцрпено од тековниот конфликт, се соочува со сериозна криза поради недостигот на основна храна.
Помошта што пристигна неодамна, за прв пат по мај, била веднаш разграбена од вооружени групи и очајни цивили, при што мал број луѓе успеале да обезбедат залихи од неколкуте распределителни центри што се управувани од странски организации.
Мохамед Фавзи, раселено лице од Рафа, раскажува дека отишол во пунктот за помош во областа Шакуш многу рано наутро, но добил само празни кутии – храна не нашол.
Врз нас беше отворен оган од 6 до 10 часот – само некои успеаја да примат помош. Имаше загинати и повредени. Ситуацијата е навистина критична, истакна Фавзи.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата