logo
logo
logo

КРИПТОТО СЛУЖИ НА ТЕРОРИСТИ И КРИМИНАЛЦИ, ДА СЕ ЗАБРАНИ, вели шефот на една од најголемите банки

Vecer | 08.12.2023

КРИПТОТО СЛУЖИ НА ТЕРОРИСТИ И КРИМИНАЛЦИ, ДА СЕ ЗАБРАНИ, вели шефот на една од најголемите банки

За време на рутинско сослушување во Комитетот за банкарство на Сенатот, Џејми Дајмон рече дека криптовалутите се користат само за перење пари и затајување данок. Шефот на банката JPMorgan Chase, Џејми Дајмон, во својот говор во Вашингтон рече дека криптовалутите треба да се забранат.

„Отсекогаш сум бил против криптовалутите и биткоинот. Тие навистина им служат само на криминалци, дилери на дрога, перење пари и избегнување данок“, рече шефот на најголемата американска банка за време на рутинско сослушување во Комитетот за банкарство на Сенатот, пренесува CNBC.

Тој додаде дека ќе ги забрани криптовалутите „да сум во американската влада“. Димон претходно ги критикуваше криптовалутите иако неговата банка е силно вклучена во блокчејн технологијата што ја напојува крипто индустријата.

Сенаторката Елизабет Ворен се согласи со коментарите на Димон.

„Обично не се согласувам со извршните директори на големите банки за банкарската политика, но ова е прашање на националната безбедност. На терористите, шверцерите на дрога и непријателските нации треба да им се забрани да користат криптовалути. Време е Конгресот да дејствува“, нагласи Ворен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk