Вели дека очекува демилитаризацијата која е втора фаза од договореното да се спроеведе и дека пораката тоа да се случи веќе била испратена до Хамас. Дополнително, Трамп побара да се предадат телата на убиените израелски заложници и изрази сомнеж дека Хамас или ја прикрива вистинската бројка на починати или не знае каде се нивните тела. Ова следува откако едно од телата кои биле предаедни, не било на израелските заложници.
-Тие (Хамас) ќе се разоружаат, бидејќи рекоа дека ќе се разоружаат и доколку не го направат тоа, ние ќе ги разоружаме нив. Како ќе го направите тоа? / Не морам да ви го објаснувам тоа на вас. Но, ако не се разоружаат, ние ќе ги разоружаме. Знаат дека не играм игри. Тие погрешно прикажаа бидејќи ни беше кажано дека имаат 24, 26 мртви заложници ако може да го искористиме тој термин и изгледа дека ги немаат (сите),- - Доналд Трамп – Претседател на САД.
Израелските власти во меѓувреме, го затворија преминот Рафа и најавија ограничување на хуманитарната помош која влегува во енклавата, доколку Хамас не ги предаде и останатите тела на израелските заложници за кои милитантната организација тврди дека и е потребно повеќе време за да ги лоцира. Премиерот Нетанјаху се закани дека доколку не се почитуваат одредбите од договорот, Израел би имал одврзани раце.
-Прво Хамас треба да го предаде оружјето и второ треба да се осигурате дека нема да има фабрики за оружје во Газа, дека нема криумчарење на оружје во Газа. Тоа е демилитаризација. Се согласивме дека тоа е дел од планот. Видете, подобро да го направат тоа (да се разоружаат) или знаете, како да говорам (во име на Трамп) или пеколот ќе се отвори. Но, се надевам дека нема да се случи тоа, се надевам дека ова ќе го направиме мирно,- - Бенјамин Нетанјаху – Премиер на Израел.
Изминатите неколку дена од Газа се споделуваат видеа кои прикажуваат егзекуции на палестински граѓани спроведени од милитантите на Хамас. Организациајта пак, тврди дека воспоставува ред и мир во областите каде се повлече израелската војска.
Состојбата во Појасот Газа спроед оценките на Обединетите Нации е очајна - речиси 80 проценти од териториајта се целосно целосно уништени или тешко оштетени. Според првичните проценки, реконструкцијата би чинела околу 70 милијарди долари, нешто што американскиот претседател Трамп го оцени како еден од клучните приоритети во мировниот договор потпишан во Египет.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата