logo
logo
logo

Кремљ: Засега нема план за средба меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп во Кина

Vecer | 15.04.2026

Кремљ: Засега нема план за средба меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп во Кина

- Можам да ви кажам дека во моментов нема такви планови - им рече Песков на новинарите, одговарајќи на прашање дали средбата меѓу Путин и Трамп би можела да се одржи за време на посетата на рускиот лидер на Кина.

Посетата на рускиот претседател на Кина се подготвува, а Кремљ ќе ги објави точните датуми, додаде Песков.

- Посетата на претседателот Путин на Кина навистина се подготвува. Кина е наш привилегиран стратешки партнер. Посетата и контактите на високо ниво се во подготовка, а за датумите на тие контакти ќе ве информираме навремено - изјави Песков, одговарајќи на прашање за временската рамка.

Претходно, кинескиот претседател Си Џинпинг го покани рускиот претседател Владимир Путин во официјална посета на Кина во 2026 година.

Во февруари, Песков најави дека Русија и Кина оваа година ќе продолжат со редовната размена на посети на високо ниво. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk