logo
logo
logo

Кремљ предупреди на руски одговор ако Финска распореди нуклеарно оружје

Vecer | 06.03.2026

Кремљ предупреди на руски одговор ако Финска распореди нуклеарно оружје

Финска, која има долга заедничка граница со Русија, за време на Студената војна водеше политика на неутралност, но во 2023 година се приклучи на НАТО како одговор на руската инвазија врз Украина.

Хелсинки вчера соопшти дека размислува за укинување на долгогодишната забрана за распоредување нуклеарно оружје на своја територија во време на војна.

- Оваа изјава води кон ескалација на тензиите на европскиот континент. Таа ја зголемува ранливоста на Финска – ранливост предизвикана од постапките на финските власти. Со практичното распоредување нуклеарно оружје на своја територија, Финска почнува да ни се заканува. А ако Финска ни се заканува, ние преземаме соодветни мерки - изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk