logo
logo
logo

Кремљ не го коментира оптимизмот на Виткоф пред средбата со Путин

Vecer | 22.01.2026

Кремљ не го коментира оптимизмот на Виткоф пред средбата со Путин

Се очекува Виткоф и Џаред Кушнер, зетот на претседателот на САД Доналд Трамп, подоцна денеска во Москва да се сретнат со рускиот претседател Владимир Путин за разговори за Украина. Кремљ соопшти дека по состанокот ќе биде одржан брифинг.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека двајцата претставници на САД ќе пристигнат во Москва по 16:00 – 17:00 часот по Гринич и ќе се сретнат со Путин.

- Дискусијата за прашањето за решавање на конфликтот во Украина и другите поврзани теми ќе продолжи, изјави Песков пред новинарите.

Претходно денеска Виткоф рече дека е постигнат значителен напредок и дека во преговорите преостанало само уште едно последно нерешено прашање.

На прашањето дали Кремљ го дели овој оптимизам, Песков одговори: „Не би сакале да ја коментираме сегашната фаза од преговорите, особено во пресрет на пристигнувањето на Виткоф во Москва и неговата средба со Путин“.

- Јасно е дека рускиот претседател високо ги цени мировните напори лично на претседателот Трамп и на неговиот тим, вклучително и на специјалниот пратеник Виткоф. Ние ги поздравуваме тие напори и нивната ефикасност, додаде тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk