logo
logo
logo

Кремљ ја критикува ЕУ поради разговорите за зајакнување на одбраната од Русија

Vecer | 07.03.2025

Кремљ ја критикува ЕУ поради разговорите за зајакнување на одбраната од Русија

- Гледаме дека ЕУ активно разговара за милитаризација, внимателно го следиме тој процес бидејќи ЕУ ја позиционира Русија како главен непријател, изјави Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.

Тој рече дека „конфронтирачката реторика“ е спротивна на „потрагата по решение“ за војната во Украина.

- Тоа потенцијално може да биде предмет на наша длабока загриженост и може да предизвика потреба од преземање соодветни мерки за одмазда за да се обезбеди нашата безбедност, рече Песков.

На вчерашниот вонреден состанок во Брисел, ЕУ го поддржа планот на Европската комисија „Повторно вооружување на Европа“, кој има за цел да потроши 800 милијарди евра во време на неизвесност за односот на САД кон одбраната на Европа./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk