logo
logo
logo

Кремљ го повтори противењето на европските мировници во Украина

Vecer | 25.02.2025

Кремљ го повтори противењето на европските мировници во Украина

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, само истакна дека има официјален став на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров кога беше испрашуван за ова прашање. „Немам што да додадам на тоа“, рече Песков, цитиран од руските медиуми.

Говорејќи на маргините на посетата на францускиот претседател Емануел Макрон вчера, Трамп беше прашан; „Дали ќе го убедите Владимир Путин да прифати европски војници како мировници? Американскиот претседател одговори: „Да, тој ќе прифати“.

Рускиот министер за надворешни работи Лавров го нарече неприфатливо присуството на мировници од земјите на НАТО во Украина, додека неговиот заменик Александар Грушко го означи таквото распоредување како ескалација на војната што Москва ја започна пред три години.

Повеќето европски земји се членки на западната одбранбена алијанса НАТО./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk