logo
logo
logo

Крај на последниот нуклеарен договор и неизвесност за светската безбедност

Vecer | 06.02.2026

Крај на последниот нуклеарен договор и неизвесност за светската безбедност

Со истекот на договорот „Нов СТАРТ“  двата најголеми нуклеарни арсенали САД и Русија влегоа во нова фаза на неизвесност. Москва во моментов настојува на обнова на истечениот договор, Вашингтон пак, бара целосно нов. Претедателот Трамп оцени дека договорот бил лош и често прекршуван од руска страна. На социјалните мрежи тој побара секое идно решение да ја вклучува и Кина, а неговата порака денеска ја повторија и од Стејт Департментот.

-Претседателот (Трамп) појасни повторно синоќа дека сака нов договор и видете во суштина „Нов СТАРТ“ имаше недостатоци, не ги опфати целосно договорените нуклеарни оружја и не ја опфати Кина. - Томас ДиНано – Потсекретар на САД за контрола на оружје

Официјален Кремљ пак, со порака дека ќе останат одговорна нуклеарна сила и покрај истекот на Договорот. Портпаролот Песков вели дека и Вашингтон и Москва ја потврдиле подготвеноста за преговори.

-Постои разбирање, вклучително и ова беше дискутирано во Абу Даби, дека двете страни ќе заземат одговорни позиции. Двете страни ја признаваат потребата од започнување преговори за оваа тема што е можно поскоро.- Дмитри Песков – Портпарол на Кремљ

Барање за обвнова на дијалогот и постигнување на некаков договор испратија и од Обединетите Нации кои порачаа дека двете страни мора да изнајдат некакво решенеи кое би ги намалило ризиците и би ја зајакнало заедничката безбедност.

-За прв пат по повеќе од половина век, се соочуваме со свет без никакви обврзувачки ограничувања за стратешките (нуклеарни) арсенали и за Руската Федерација и за Соединетите Американски Држави. Генералниот Секретар Гутереш ги повикува двете држави без одложување да се вратат на преговарачката маса и да се договорат за рамка за нов договор што ќе ги врати ограничувањата, ќе ги намали ризиците и ќе ја зајакне нашата заедничка безбедност.- Стефан Дужарик – Портпарол на ООН

Договорот, потпишан во 2010 година од Барак Обама и Дмитриј Медведев, поставуваше строги ограничувања за бројот на распоредени нуклеарни боеви глави и нуклеарни подморници, како и механизми за меѓусебни инспекции што со години обезбедуваа предвидливост меѓу двете најголеми нуклеарни сили.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk