logo
logo
logo

Кошта: Треба да ја мобилизираме нашата енергија за зголемување на сопствениот одбранбен капацитет

Vecer | 01.10.2025

Кошта: Треба да ја мобилизираме нашата енергија за зголемување на сопствениот одбранбен капацитет

- Дефиниравме девет главни приоритети, а сега доаѓаме до дискусија за конкретните проекти - најважните водечки проекти околу кои треба да ја мобилизираме нашата енергија и да го зголемиме сопствениот одбранбен капацитет, рече Антонио Кошта пред почетокот на денешниот неформален Самит на ЕУ во Копенхаген. 

Тој нагласи дека ЕК веќе ги промовираше Белата книга за одбраната и програмата Безбедносна акција за Европа (САФЕ) и им овозможи фискален простор на земјите членка да инвестираат повеќе средства во одбраната, а сега подготвува и План со конкретни временски рокови за реализација на различни проекти. 

- Секако, нашата безбедност започнува со Украина и поради оваа причина ќе разговараме и за тоа како да ја зајакнеме нашата поддршка за Украина во нејзината борба за праведен и траен мир и за нашата заедничка безбедност, истакна Кошта. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk