logo
logo
logo

Кошта по средбата со Келог: Потребен ни е договор за сеопфатен, праведен и траен мир во Украина

Vecer | 18.02.2025

Кошта по средбата со Келог: Потребен ни е договор за сеопфатен, праведен и траен мир во Украина

 Мирот не може да биде едноставен прекин на огнот - потребен ни е договор кој ќе обезбеди сеопфатен, праведен и траен мир во Украина и безбедност во Европа, порача претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта по денешната средба во Брисел со специјалниот американски пратеник за Украина и Русија, генералот Кит Келог.  

Кошта во објава на Икс посочи дека на средбата што се одржала во овој „решавачки момент“ со Келог разговарале за перспективите за мир во Украина. 

- Украина може да смета на Европа. Подготвени сме да продолжиме да работиме конструктивно со САД за да обезбедиме мир и безбедност, наведе Кошта во објавата. 

Келог од своја страна, исто така во објава на Икс наведе дека имал „одлични дискусии во Брисел со претседателот на ЕУ, Кошта“. 

Претходно, претпладнево Келог се сретна и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која по средбата порача дека ЕУ сака да биде партнер со САД за да се обезбеди праведен и траен мир за Украина 

Келог вчера во Брисел се сретна и со еврокомесарот за одбрана и Вселената, Андриус Кубилиус, како и со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk