logo
logo
logo

Контингент од 72 мексикански пожарникари се приклучи во гасењето на пожарите во Лос Анџелес

Vecer | 14.01.2025

Контингент од 72 мексикански пожарникари се приклучи во гасењето на пожарите во Лос Анџелес

Групата е составена од воени експерти, вклучувајќи лекари, инженери и персонал за пребарување и спасување, како и пожарникари од мексиканскиот еквивалент на Шумската служба на САД.

Во големите шумски пожари кои беснеат во областа на Лос Анџелес веќе една недела досега загинаа најмалку 24 луѓе и изгореа област со големина на главниот град на САД, Вашингтон.

Повеќе од 90.000 жители беа принудени да ги напуштат своите домови, а цели населби беа опустошени од пожарите. Мексиканскиот тим ќе им се придружи на пожарникарите од седум држави и Канада во обид да ги стават пожарите под контрола.

- Тие сега се распоредени во пожарните области каде што ќе бидат вклучени во гаснењето на пожарот, во суштина работат како екипа за поддршка, рече Едвин Зунига, портпарол на Калифорниската противпожарна служба, Кал Фајр.

Затоа ќе работат на одржување и зајакнување на заштитната линија, а доколку има потреба и директно ќе се вклучат во гаснењето на пожарот, додаде тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk