logo
logo
logo

Компанијата чиј брод направи „хаос“во Балтичкото Море соопшти: „Можно е...

Vecer | 28.01.2025

Компанијата чиј брод направи „хаос“во Балтичкото Море соопшти: „Можно е...

Шведските власти го заплениле брод кој пловел под знаме на Малта, откако бил оштетен подводниот кабел меѓу Летонија и Шведска, а нешто подоцна била отворена истрага за саботажата, јавува денеска Еурактив.

„Можно е бродот да го оштетил кабелот, но во никој случај не верувам дека се работи за саботажа, или некаква акција на нашата екипа“, изјави директорот на компанијата БМФ, Александар Калчев.

Инцидентот со бугарскиот брод уследи само еден месец откако НАТО започна мисија во Балтичкото Море како одговор на неколку инциденти и оштетување на подводните кабли, потсетува Еурактив.

Калчев додаде дека во моментот на инцидентот капетанот на Вежен пријавил дека временските услови на морето биле исклучително лоши, а силниот ветер предизвикал пад на сидрото кое можело да помине преку каблите.

Бугарската влада соопшти дека системот за автоматска навигација покажува дека бродот навистина го поминал кабелот. Калчев изјави дека не верува оти некој од екипажот намерно предизвикал такво нешто.

БМФ е најголемата и најстара бугарска бродоградежна компанија, но во декември 2023 година учествуваше во друга афера откако ирските власти го запленија нејзиниот брод Верила, кој превезуваше 300 килограми кокаин, потсетува Еурактив.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk