logo
logo
logo

Командант на НАТО: Испорака на „Патриот“ во Киев што е можно побрзо

Vecer | 17.07.2025

Командант на НАТО: Испорака на „Патриот“ во Киев што е можно побрзо

- Многу тесно соработуваме со Германците за трансферот на „Патриот“, рече Алексус Гринкевич на конференција во германскиот град Визбаден. „Добив упатства да дејствуваме што е можно побрзо“, додаде тој.

Американскиот претседател Доналд Трамп оваа недела најави построг пристап кон Русија и вети нови проектили и друго оружје за Киев. Трамп во вторникот изјави дека некои проектили „Патриот“, кои доаѓаат од Германија, веќе се на пат кон Украина.

Многу наскоро би можел да се одржи состанок на земјите кои поседуваат системи „Патриот“ и донатори од Украина, со цел да се најдат дополнителни батерии за „Патриот“ за Киев, а со кој ќе претседава Гринкевич, изјави извор близок до разговорите.

Се очекува состанокот на експертско ниво да се одржи наредната недела во военото седиште на НАТО SHAPE во близина на белгискиот град Монс. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk