logo
logo
logo

Колапс на електричната мрежа: Куба во мрак

Vecer | 15.03.2025

Колапс на електричната мрежа: Куба во мрак

Според властите, проблемот настанал поради дефект во главната трафостаница во Хавана, што довело до прекин на снабдувањето со струја во голем дел од западна Куба, вклучително и во главниот град.

Сведоци известуваат дека Хавана била целосно во мрак, освен неколку хотели кои работеле на генератори. Извештаи на социјалните мрежи укажуваат дека и источните и западните региони на земјата, со вкупно 10 милиони жители, биле погодени од прекинот на струја.

Ова е уште еден удар за кревката и застарена енергетска мрежа на Куба, која веќе подолго време се соочува со чести прекини. Крајот на минатата година беше обележан со нестабилност на снабдувањето со струја поради недостаток на гориво, природни катастрофи и економска криза.

Повеќечасовни прекини на струја веќе станаа секојдневие за Кубанците, кои покрај тоа се соочуваат со сериозен недостиг на храна, лекови и вода. Се повеќе жители на островот се решаваат на миграција, барајќи подобар живот надвор од Куба./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk