logo
logo
logo

Коалицијата на Нетанјаху во криза: Ултраортодоксна партија ги напушта, иднината висока на конец

Vecer | 16.07.2025

Коалицијата на Нетанјаху во криза: Ултраортодоксна партија ги напушта, иднината висока на конец

Владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се наоѓа на работ на распад, откако ултраортодоксната партија Обединет јудаизам на Тората (UTJ) ја напушти владината коалиција.

Партијата во понеделникот ги повлече своите пратеници, незадоволна од одлуките за задолжително регрутирање на нивните верници во израелската армија.

Членовите на UTJ одамна предупредуваа дека ќе ја напуштат владата доколку не се обезбедат сигурни законски гаранции дека учениците од верските училишта (ешиви) ќе бидат изземени од задолжителната воена служба.

Пратениците во Кнесетот, парламентот на Израел, на 14 јули 2025 година, Ерусалим. (AP Photo/Ohad Zwigenberg)
Пратениците во Кнесетот, парламентот на Израел, на 14 јули 2025 година, Ерусалим. (AP Photo/Ohad Zwigenberg)

Со напуштањето на коалицијата, оставки поднесоа и неколку високи функционери, а меѓу нив и министерот за прашања на Ерусалим, Мир Поруш, претседателот на финансискиот комитет на Кнесетот, Моше Гафни, и заменикот министер за транспорт, Ури Маклев.

UTJ е политички сојуз на две ултраортодоксни групи: хасидската Агудад Израел и литванската Дегел хаТора.

Во писмо кое го предвиде распадот, рабин Дов Ландо од Дегел хаТора остро ја критикуваше владата: „Со намера повторно да ја влошат ситуацијата на нашите ученици по Тората, на секој можен начин – преку понижување и газење. Бидејќи постојано не ги исполнуваат ветувањата за регулирање на правниот статус на ешива-студентите и научниците, сметаме дека учеството во оваа влада треба веднаш да запре“.

Останувањето без поддршката на UTJ значи Нетанјаху ќе располага со минимално мнозинство во Кнесетот – 61 од вкупно 120 пратеници.

Во меѓувреме, шпекулациите се дека уште една ултраортодоксна партија, Шас, исто така разгледува заминување од коалицијата. Доколку тоа се случи, владата на Нетанјаху го губи парламентарното мнозинство.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху со поздравен говор пред аргентинскиот претседател Хавиер Милеј во Кнесетот, 11 јуни 2025 година, Ерусалим. (AP Photo/Ohad Zwigenberg)
Премиерот Бенјамин Нетанјаху со поздравен говор пред аргентинскиот претседател Хавиер Милеј во Кнесетот, 11 јуни 2025 година, Ерусалим. (AP Photo/Ohad Zwigenberg)

Местото на ултраортодоксните во општеството одамна предизвикува поделби во Израел. Од основањето на државата, евидентно е дека оние кои посветуваат живот на изучување на Тората, ги одбегнуваат воените обврски и добиваат државни стипендии.

Таа пракса беше укината минатиот месец, откако Врховниот суд донесе историска пресуда со која задолжи и ултраортодоксните да бидат подложни на регрутација, изедначувајќи ги привилегиите на сите граѓани.

Поддржувачите на поранешните повластици тврдат дека ултраортодоксните заедници играат клучна улога како чувари на еврејската традиција и вера.

Критичарите пак сметаат дека тоа создава нееднаквост кон световните граѓани, а дополнително алармираат на брзиот пораст на ултраортодоксното население.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk