logo
logo
logo

Климатски промени: Смртоносните топлотни бранови, поплавите и шумските пожари сè почести

Vecer | 05.08.2021

Климатски промени: Смртоносните топлотни бранови, поплавите и шумските пожари сè почести

Група од претежно помали држави презеде нови, поамбициозни обврски оваа недела кога станува збор за климата и за тоа ги известија ОН, истовремено  зголемувајќи го притисокот врз големите глобални загадувачи да го следат примерот пред големиот самит на ОН за климатските промени во ноември.

Шефицата на ОН задолжена за климатски прашања Патриша Еспиноса рече дека 110 земји, од речиси 200 кои што го потпишаа Парискиот договор за климатските промени во 2015 година, ги известија Обединетите нации во саботата за нивните нови обврски.

„Ова е сè уште далеку од задоволително, со оглед на тоа што нешто повеќе од половина од страните (58 проценти) го испочитуваа крајниот рок“, рече Еспиноса во изјавата, повикувајќи ги другите да ги „удвојат напорите“ и да преземат поамбициозни обврски кога станува збор за заштита на планетата на која живееме.

Вкупно 15 земји, од кои повеќето имаат ниска и релативно ниска емисија на СО2, преземаа нови обврски оваа недела и ги пријавија во ОН, пред крајниот рок до 30 јули, до кога што влегуваат во извештајот на ОН.

Меѓу нив се Шри Ланка, Израел, Малави и Барбадос, а Малезија, Нигерија и Намибија се меѓу поголемите држави кои оваа недела поднесоа извештај до ОН за да се согласат за построги климатски цели.

Со смртоносните топлотни бранови, поплави и шумски пожари, кои станаа се почести низ целиот свет, се зголемуваат повиците за итни мерки за намалување на емисиите на СО2, заради кои планетата брзо се загрева.

Сепак, најновата анализа на Обединетите нации сугерира дека споменатите климатски промени, без оглед на обврските на споменатата група земји, ќе резултира со глобално затоплување далеку над границата од 1,5 степени Целзиусов, што е горната граница за најтешките последици од климатските промени.

„Искрено се надевам дека ревидираната проценка на заедничкиот напор ќе открие попозитивна слика“, рече Еспиноса.

Кина, најголемиот светски емитер на јаглерод диоксид и земји како Индија и Јужна Кореја се уште немаат поднесено извештај со кој ветуваат зголемен ангажман во намалувањето на гасовите кои рпедизвикуваат ефект на стаклена градина, иако постои силен меѓународен притисок да го стори тоа пред самитот за климатските промени.

Соединетите држави и Европската унија, вториот и третиот најголем светски емитер на јаглерод диоксид, ветија поголем ангажман во последните месеци, најавувајќи дека ќе работат на побрзо намалување на емисиите на јаглерод во следните десет години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk