logo
logo
logo

Кирк почина, Трамп нареди знамињата на САД да се спуштат на половина јарбол

Vecer | 10.09.2025

Кирк почина, Трамп нареди знамињата на САД да се спуштат на половина јарбол

Големиот, па дури и легендарниот Чарли Кирк, е мртов. Никој не го разбираше или го немаше срцето на младите во Соединетите Американски Држави подобро од Чарли. Тој беше сакан и почитуван од сите, особено од мене, а сега, тој повеќе не е со нас. Меланија и моите сочувства се упатуваат до неговата прекрасна сопруга Ерика и семејството. Чарли, те сакаме! - напиша Трамп на социјалната мрежа Truth social. 

„Во чест на Чарли Кирк, вистински голем американски патриот, наредувам сите американски знамиња низ Соединетите Американски Држави да бидат спуштени на половина јарбол до недела навечер во 18 часот“, додаде Трамп. 

Се огласи и потпретседателот на САД, Џеј Д. Венс:

„Вечен одмор дај му, Господи“, напиша тој на Х, споделувајќи ја и објавата на претседателот на Трамп.

Чарли Кирк, влијателен активист близок до американскиот претседател Доналд Трамп и извршен директор на „Turning Point USA“ (TPUSA), беше застрелан пред неколку часа, околу 12 и 30 по локално време, за време на настан на Универзитетот Јута Вали.

Снимките што кружат на социјалните мрежи го покажуваат моментот кога е застрелан додека зборува под шатор на кампусот. Во исто време, студентите бегаат во паника од звуците на огнено оружје. Кирк настапуваше таму како дел од турнејата American Comeback Tour, организирана од локалниот огранок на TPUSA.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk