logo
logo
logo

Кинеското Министерство за трговија ги повика САД на „половина пат“

Vecer | 10.04.2025

Кинеското Министерство за трговија ги повика САД на „половина пат“

- Вратата за дијалог е отворена, но тој мора да се заснова на меѓусебно почитување и да се води на еднаков начин, изјави денеска портпаролката на Министерството за трговија на Кина.

Таа додаде дека Кина, исто така, ги повикала САД „да се најдат на половина пат“, иако и самата е подготвена „да се бори до крај“, рече таа.

Некои медиуми претходно јавија дека кинеските лидери ќе се состанат подоцна денеска за да разговараат за дополнителни стимулативни мерки за зајакнување на економијата.

Кина ги зголеми царините за американските стоки на 84 отсто, додека американските царини достигнаа 125 отсто.

Кинеските државни фондови веќе се распоредени за купување акции за да се стабилизира нејзината берза и да се спречи распродажба од страна на инвеститорите додека се зголемуваат царините меѓу САД и Кина, но ќе бидат потребни дополнителни мерки доколку царините останат во сила.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk