logo
logo
logo

Кинеско МНР: Кина нема да посветува внимание на американската „игра со бројки“

Vecer | 17.04.2025

Кинеско МНР: Кина нема да посветува внимание на американската „игра со бројки“

Кина нема да посветува внимание ако САД ја продолжат „играта со бројки“ кога станува збор за царините, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи откако Белата куќа објави дека Кина се соочува со царини до 245 отсто поради нејзините одмазднички мерки, пренесе Ројтерс.

Во документ објавен завчера, Белата куќа наведува дека вкупните давачки на Кина ја вклучуваат најновата реципрочна царина од 125 отсто, царина од дополнителни 20 отсто за справување со кризата со фентанил, како и царини меѓу 7,5 и 100 отсто за одредени стоки поради нефер трговски практики.

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, неодамна воведе дополнителни царини за стоки од сите земји, а потоа повлече дел од мерките за голем број земји, задржувајќи ги строгите давачки исклучиво кон Кина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk