logo
logo
logo

Кинески државни медиуми: САД и Иран да го искористат „тесниот прозорец“ за мировни разговори

Vecer | 09.04.2026

Кинески државни медиуми: САД и Иран да го искористат „тесниот прозорец“ за мировни разговори

Примирјето „не е мир, но е можност“, објави весникот „China Daily“, предупредувајќи дека двете страни би можеле да влезат во искушение да го искористат прекинот на огнот за воено прегрупирање. Погрешни чекори би можеле да предизвикаат подолга и подлабока криза, се додава.

Весникот „Global Times“ поддржан од Комунистичката партија оцени дека американските сили остануваат подготвени да ги продолжат борбите, додека иранските трупи се уште се „со раката на чкрапалото“. Доколку преговорите се користат само за да се добие време, конфликтот може повторно да ескалира во секој момент, наведува „Global Times“.

Кинеските медиуми ги истакнуваат и дипломатските напори на Пекинг за надминување на кризата, наведувајќи дека Кина од почетокот на конфликтот води интензивна дипломатија и ќе продолжи да игра конструктивна улога.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk