Вкупниот обем на трговијата меѓу Германија и Кина достигна 251,8 милијарда евра во 2025 година, што претставува раст од 2,1 процента во споредба со претходната година. Спротивно на тоа, германската надворешна трговија со САД се намали за пет проценти, на 240,5 милијарди евра.
Најголем пад на трговијата со САД се случи во секторот моторни возила, приколки и полуприколки, каде што извозот се намали за 17,8 проценти. И покрај тоа, САД се и натаму најголемиот единствен пазар за германскиот извоз, во вредност од 146,2 милијарди евра во 2025 година.
На третото место по значење во надворешнотрговската размена со Германија е Холандија, со вкупен промет од 209,1 милијарди евра, што претставува раст од 3,3 проценти во споредба со 2024 година.
Кина е сè уште доминантна во германскиот увоз, а Германија во 2025 година увезе кинески производи во вредност од 170,6 милијарди евра, што е зголемување од 8,8 проценти, објавува „Шпигел“. Дел од кинескиот извоз во Германија е последица на пренасочувањето на стоките од американскиот пазар поради тамошните царини.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата