logo
logo
logo

Кина: Се надеваме дека САД ќе обезбедат отворен и фер пазар за кинеските компании

Vecer | 20.09.2025

Кина: Се надеваме дека САД ќе обезбедат отворен и фер пазар за кинеските компании

-Ставот на Кина за ТикТок е јасен“, соопшти Министерството за трговија на земјата.

Кина, исто така, ги поддржува преговорите што ги следат пазарните правила за да се постигнат решенија што се во согласност со кинеските закони и ги балансираат интересите, се вели во соопштението на Министерството за трговија.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тој и кинескиот претседател Си Џинпинг се согласиле да го одобрат договорот за ТикТок за време на телефонски разговор.

-Тој го одобри договорот за ТикТок, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба.

Трамп додаде дека „тоа може да биде формалност“ за потпишување на договорот подоцна. Се очекува американската влада да добие надомест од повеќе милијарди долари како дел од спогодбата што го вклучува ТикТок, објави Волстрит џурнал вчера, повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање. Инвеститорите во договорот со ТикТок ќе ѝ ја платат оваа такса на владата на САД во замена за олеснување на преговорите со Кина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk