logo
logo
logo

Кина почнува инспекција на стандардите за почитување на противпожарната безбедност по пожарот во Хонг Конг

Vecer | 29.11.2025

Кина почнува инспекција на стандардите за почитување на противпожарната безбедност по пожарот во Хонг Конг

Кина ќе спроведе голема инспекција на стандардите за почитување на противпожарната безбедност во високите згради низ целата земја откако пожар во Хонг Конг одзеде најмалку 128 животи, преземајќи мерки за да спречи уште една слична катастрофа во земјата, јавија светските агенции.

Посебно внимание ќе се посвети на зградите што треба да се реновираат. Мораме да го зајакнеме управувањето со противпожарната безбедност за ефикасно да ги заштитиме животите и имотот на луѓето, соопшти Министерството за управување со вонредни состојби на Кина. 

Комитетот за труд на Државниот совет издаде наредба до локалните самоуправи да ја започнат инспекцијата.

Локалните власти мора да спроведат темелни инспекции и да преземат итни корективни мерки кога ќе се идентификуваат безбедносни ризици. Ќе се преземат строги мерки против сериозни прекршувања, а оние што нема да ги отстранат големите безбедносни ризици ќе бидат повикани на одговорност, соопшти Министерството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk