logo
logo
logo

Кина ја критикува американската политиката на воведување зголемени царини и бара соработка

Vecer | 04.03.2025

Кина ја критикува американската политиката на воведување зголемени царини и бара соработка

Претставникот на Министерството за надворешни работи, Лин Џиан, рече дека Кина ги отфрла американските мерки и дека контрамерки се неопходни заради заштита на кинеските права и интереси.

- Притисокот, принудата и заканите не се правилен начин за решавање на прашањата со Кина, додаде Лин. Тој ги советуваше САД да се вратат на патот на дијалог и соработка.

Претседателот на САД Доналд Трамп претходно издаде декрет за удвојување на царините на увозот на стоки од Кина, согласно одлуката донесена во февруари.

Кина одговори со најавување контра царини на земјоделските производи и други мерки против американските компании. Ова го поставува сценариото за нова трговска војна меѓу двете најголеми економии во светот, која потсетува на трговскиот конфликт од 2018 година за време на првиот претседателски мандат на Трамп, потсетува ДПА.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk