logo
logo
logo

Кина го повика Иран да ја продолжи нормалната пловидба во Ормуската Теснина

Vecer | 16.04.2026

Кина го повика Иран да ја продолжи нормалната пловидба во Ормуската Теснина

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји го повика својот ирански колега Абас Арагчи да вложи напори за враќање на нормалната пловидба низ Ормуската Теснина, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи по телефонскиот разговор меѓу двајцата претставници.

Ванг рече дека суверенитетот и безбедноста на Иран во Ормуската Теснина треба да се почитуваат и заштитат, но додаде дека слободата и безбедноста на пловидбата низ водниот пат исто така мора да бидат гарантирани.

Според него, враќањето на нормалниот сообраќај низ теснинатан е заеднички интерес на меѓународната заедница.

Кинескиот министер оцени дека ситуацијата е во „критична“ фаза на промени и дека се отвора „прозорец за мир“.

Ванг нагласи дека Кина го поддржува одржувањето на прекинот на огнот и продолжувањето на преговорите, наведувајќи дека тие се во интерес на Иран, регионот и светот.

Тој додаде дека Кина е подготвена да продолжи да вложува напори за ублажување на ситуацијата и поттикнување на подобрување на односите меѓу земјите во регионот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk