logo
logo
logo

Кина го обвинува американскиот министер за одбрана за „провокативни“ изјави во Сингапур

Vecer | 01.06.2025

Кина го обвинува американскиот министер за одбрана за „провокативни“ изјави во Сингапур

Кинеското Министерство за надворешни работи го обвини Хегсет дека ги игнорира повиците за мир од Индо-пацифичките земји, обвинувајќи го дека ги искористил своите забелешки на безбедносниот форум „Дијалог Шангри-Ла“ во Сингапур за ширење „менталитет од Студената војна“ и зголемување на тензиите во регионот, јавија британските медиуми.

Министерството во соопштението наведува дека Хегсет ја нарекол Кина „закана“, што тие го сметаат за обид за „сеење поделба во регионот“.

Кина посочи дека САД продолжуваат да распоредуваат офанзивно оружје во Јужното Кинеско Море, за кое тврди дека предизвикува зголемени тензии во Азиско-пацифичкиот регион.

За време на својот говор на дијалогот Шангри-Ла, Хегсет ги повика сојузниците во регионот, вклучувајќи ја и Австралија, да ги зголемат трошоците за одбрана, предупредувајќи на „реална и непосредна закана“ од Кина.

Австралискиот премиер Ентони Албанезе одговори на тие повици, велејќи дека австралиската влада веќе ветила дополнителни 10 милијарди долари за одбрана.

Кина, исто така, ги предупреди САД да не „си играат со оган“ кога станува збор за кинескиот регион Тајван.

Посетата на Сингапур е втора посета на Хегсет на регионот откако ја презеде функцијата во јануари, а следеше по патувањето во седиштето на НАТО во Европа, каде што ги предупреди и сојузниците да не трошат доволно за одбрана, потсетува Политико. с

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk