logo
logo
logo

Ким Џонг-Ун забрани импланти! Секој кој ќе стави ќе биде казнет

Vecer | 02.10.2025

Ким Џонг-Ун забрани импланти! Секој кој ќе стави ќе биде казнет

Зголемувањето на градите го прогласи за „антисоцијалистички“ чин, а Министерството за јавна безбедност во Пјонгјанг издаде наредба против она што го нарекуваат „гнили капиталистички импланти“. Казните за прекршителите се исклучително строги и вклучуваат дури и затворање во злогласните работни логори.

Агенти во цивил бараат жени со импланти и лекари

Во текот на летото на улиците биле распоредени специјални „ударни единици“, вклучително и во главниот град Пјонгјанг. Агенти во цивил добиле задача да ги пронаоѓаат лекарите кои на црно извршуваат операции, како и жените за кои постои сомнеж дека се подложиле на естетски зафати. Според извори на Daily NK, жените кај кои има сомнеж можат да бидат присилени на физички прегледи што ги спроведуваат државни службеници.

„Жени или приватни лекари фатени во прекршок би можеле да се соочат со кривични санкции, вклучително и испраќање во работни логори, под обвинение за антисоцијализам,“ изјавил анонимен извор за медиумите.

Јавно судење поради силикони

Владата тврди дека растечката популарност на естетските зафати – од зголемување на градите и операции на очните капаци до тетовирање веѓи – е последица на „буржоаска идеологија“ која, како што велат, се шири меѓу жените во дваесеттите и триесеттите години.

За да испратат јасна порака, властите во септември организирале јавно судење. На обвинителна клупа завршиле еден приватен лекар и две млади жени кои се подложиле на операции.

Со часови стоеле со наведнати глави додека обвинителот јавно ги критикувал, тврдејќи дека се „покварени од буржоаски навики и извршиле гнили капиталистички дела“, пренесува Metro. На судењето било потврдено дека двете девојки биле присилени на физички преглед, а како доказ биле прикажани запленети силикони, медицински алати и готовина.

Пренесува: Индекс

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk