logo
logo
logo

Киев: Од Москва добиени телата на 1.000 загинати украински војници

Vecer | 20.11.2025

Киев: Од Москва добиени телата на 1.000 загинати украински војници

„Истражителите од агенциите за спроведување на законот, заедно со специјализираните единици на Министерството за внатрешни работи, наскоро ќе ги спроведат сите неопходни процедури и ќе ги идентификуваат вратените тела“, напиша Центарот во објава на Телеграм.

Киев и Москва разменија илјадници тела на убиени војници во текот на војната, која започна со руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.

Во минатото, Украина ја обвинуваше Русија дека телата на загинатите ги враќа без некој одреден редослед, при што понекогаш испраќа и тела на убиени руски војници – нешто што Москва го негира. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk