logo
logo
logo

Киев, на преговорите со САД, ќе предложи примирје во воздух и на море

Vecer | 10.03.2025

Киев, на преговорите со САД, ќе предложи примирје во воздух и на море

- Имаме предлог за примирје во воздух и примирје на море, бидејќи тоа се опции за прекин на огнот кои лесно се спроведуваат и следат, и со тоа може да се почне, изјави функционерот кој побара да не биде именуван.

Украинската и американската делегација треба да се сретнат утре во Саудиска Арабија за да разговараат за начини за запирање на војната меѓу Украина и Русија, која ја започна инвазијата врз својот сосед пред повеќе од три години.

Очекувањата се дека утрешната средба ќе биде прва, но не и единствена, помеѓу украински и американски претставници по посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Белата куќа кон крајот на февруари, која заврши со вербален судир во Овалната соба.

Вашингтон оттогаш ја суспендираше воената помош и размената на разузнавачки информации, со цел да ја принуди Украина да прифати преговори за прекин на непријателствата.  

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја повтори реториката на Кремљ и неточни тврдења за повеќе прашања.

Запрашан за шансите Киев повторно да добие американска помош, украинскиот функционер избегна шпекулации.

- Немам детали за условите за обновување на помошта, бидејќи Американците не можат јасно да дефинираат што сакаат за возврат, изјави тој.

Долготрајното замрзнување на американската размена на воени разузнавачки податоци со Украина би ѝ дало на Русија „значителна предност“ на бојното поле, предупреди функционерот. - Главното прашање е колку долго ќе трае ова. Ако трае долго, тоа ќе им даде значајна предност на Русите, оцени тој.

Според него, ограничувањето веќе ја засега способноста на Киев да напаѓа цели на руска територија. Тој тврди дека ова може да доведе до ослабување на украинските сили, кои од летото 2024 година контролираат мал дел од Курската област.

- Тие (Американците) го ограничија делот од размената на податоци што дозволуваше напади директно врз Русија, така што може да постои поврзаност“ помеѓу прекинот на разузнавачката размена и напредувањето на руските сили во регионот, рече украинскиот функционер.

Од друга страна, прекинот на американските испораки на оружје сѐ уште нема значително влијание врз украинските борбени капацитети, бидејќи земјата сѐ уште располага со залихи од други држави.

Во меѓувреме, пред неколку часа, Трамп соопшти дека ја запрел суспензијата на размената на разузнавачки информации со Украина и дека очекува добри резултати од претстојните разговори со украинските претставници во Саудиска Арабија. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk