logo
logo
logo

Хутите соброиле седум американски дронови „рипер“ вредни над 200 милиони долари

Vecer | 25.04.2025

Хутите соброиле седум американски дронови „рипер“ вредни над 200 милиони долари

Само во изминатите седум дена се соборени три дрона, што според официјалните лица укажува дека Хутите ја подобруваат својата способност за откривање и таргетирање на леталата.

Дроновите, чија вкупна вредност надминува 200 милиони долари, биле вклучени во напад или извидување кога биле погодени.

Американската војска спроведува секојдневни воздушни напади врз областите контролирани од Хутите од 15 март, откако бунтовниците поддржани од Иран најавија континуирани напади врз бродови во Црвеното Море по пропаѓањето на примирјето меѓу Израел и Хамас, посочуваат агенциите.

Според достапните податоци, во последните недели повеќе од 100 луѓе се убиени или ранети во конфликти на територијата на Јемен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk