Помеѓу загинатите најмалку 1.319 се цивили од кои 206 се деца, соопшти ХРАНА повикувајќи се на податоците добиени од активистичките мрежи во Иран и од информации од здравствениот сектор.
Според ХРАНА, убиени се 1.122 ирански војници, а регистрирани се 599 смртни случаи, за кои не е утврдено дали се цивили или војници.
Во изминатите 24 часа евидентирани се 21 загинати цивили, меѓу кои и едно дете.
Според официјалните податоци на иранското Министерство за здравство во американско-израелските напади убиени се 1.200 луѓе, а повредени се околу 10.000 лица.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата